Професионален готвач открива: „Поради овие 3 рецепта изгубив 16 кг за 2,5 месеца!“

Пробајте и уверете се!

Не мора да се откажете од добриот вкус за да ослабите

Кога настапи пандемијата на ковид-19, главниот готвач од ресторан во Филаделфија, Михаел Шадсон, бил принуден да забави со работата и додека некои одмораа во изолација, тој ја искористил приликата за да ја подобри својата исхрана и така за 2,5 месеца изгубил 16 килограми!

Ако и вие сакате да ги симнете вишокот килограми, а не сакате да се откажете од добриот вкус, тогаш ова се рецептите за вас – Шадсон вели дека овие рецепти го спасиле!

1. Летни пилешки раженчиња

Состојки:

  • 1 шолја вода
  • 1/4 лажиче сол
  • 8 пилешки крилца (само оној дел што има две коски)
  • 8 дрвени стапчиња за скара
  • половина шолја соја-сос
  • сол
  • бибер
  • половина исечкан млад кромид за декорација

Приготвување:

Измешајте го пилешкото, водата и солта. Оставете го така минимум 4 часа. Крилцата ставајте ги на стапчиња и повторувајте тоа додека ги искористите сите. Загрејте тавче (или скара) или ставете го месото, сол и бибер. Печете околу 12 минути.

Во текот на печењето, премачкувајте ги со соја-сос. Украсете го секое стапче со сечкан млад кромид.

2. Филе мињон раженчиња

Состојки:

  • 300 г месо
  • сол и бибер
  • млад кромид
  • соја-сос

Приготвување:

Исечете го месото на мали коцки, ставете по 3 на секое стапче за скара. Загрејте тавче, зачинете го месото. Печете ги околу 8 минути. Додека се печат, премачкувајте ги со соја-сос и украсете ги со млад кромид.

3. Тартар од туна

Состојки:

  • 450 г парче туна
  • 4 авокада
  • 1 лажица семки од сусам
  • половина млад кромид за декорација

За сосот:

  • 1 лажица соја-сос
  • 1 лажица масло од сусам
  • 1 лажица сос од остриги
  • 1 лажица јапонска паста од грав
  • 1 лажица шеќер
  • половина лажица мелен лук

Приготвување:

Сите состојки за сос измешајте ги во сад додека се стопи шеќерот. Туната и авокадото исечете ги на мали коцки. Туната ставете ја во сад и на неа авокадо. Додајте сос одозгора и украсете.

Најздравиот оброк на светот: Го чува здравјето на срцето, го регулира холестеролот и ги топи маснотиите!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.