Пробајте нешто поинакво: Пиле полнето со црн дроб – само за вистински гурмани!

Гозба

Пилето приготвено на овој начин е вистински деликатес!

Состојки:
  • 1 пиле од 1,5 кг
  • 70 г месеста сланина
  • 1 праз
  • 1 морков
  • 250 г пилешки црн дроб
  • 100 г печурки
  • 120 г ориз
  • мешавина суви зачини
  • црн пипер

За прилог:

  • 800 г компири
  • 80 г путер
  • неколку лажици млеко
  • сол

Приготвување:

1. Месестата сланина се сечка на коцки, празот и морковот исто така се сечкаат на коцки, печурките на ливчиња.

2. Пилешкиот црн дроб се одвојува од жилите и се сечка на коцки.

3. На тава на малку масло се пржи сланината, а потоа се додаваат празот и морковот, па сето тоа заедно кратко се пржи.

4. Се додава црниот дроб и се пржи додека ја промени бојата. Потоа се додаваат печурките и се продолжува со пржење додека омекнат печурките.

5. Се става оризот и се продолжува со динстање, додавајќи малку вода, додека набабри оризот. Пред крајот варивото се зачинува со мешавина суви зачини и црн пипер по вкус.

6. Пилето се посолува однадвор и однатре, а потоа се полни со приготвениот фил. Пилешката кожа се прицврстува со чепкалки за да не истече филот.

7. Тепсијата се обложува со хартија за печење и се попрскува со масло, а потоа се става полнетото пиле. Се пече во загреана рерна на 200°Ц, додека зарумени. Преостанатото ризото се користи како прилог на готовото јадење.

8. Посебно се варат компирите во солена вода, се гмечат и се соединуваат со путерот, се додаваат неколку лажици млеко и добро се промешува, па се послужува како прилог.

Извор: Добра храна

Вкусен и богат ручек што ќе ве засити: Пригответе пилешка мучкалица од рерна!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.