Превкусна пита со месо: Домашно полнето тесто што може да замени и ручек!

Хранлива и сочна!

Совршена за појадок или за вечера

Состојки:

За тестото:

  • 550 г брашно
  • 200 мл топло млеко
  • 200 мл топла вода
  • 10 г сув квасец
  • 60 мл масло
  • 1 лажиче шеќер
  • 1 лажица сол

За филот:

  • 300 г мелено месо
  • 1 поголем праз
  • сув зачин
  • сол
  • бибер
  • толчена лута пиперка
  • масло
Приготвување:

Активирајте го квасецот, потоа додајте ги сите состојки и замесете мазно тесто. Оставете го да нарасне.

Пропржете ги состојките за филот. Расукајте го тестото во круг, потоа насекаде распоредете го филот. Затворете го од сите страни, па превртете го и расукајте круг со сукало. Со врвот на сукалото направете дупчиња.

Премачкајте со изматена жолчка и павлака. Печете на 200 степени 30-35 минути.

Добар апетит!

Пита со месо без кора за 5 лица
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.