Предлог за ручек: Два специјалитета со мисиркино месо кои лесно се подготвуваат (рецепт)

 Мисирка од рерна

Ова месо се советува за луѓе со слаб имунитет, а ние ви нудиме два специјалитети кои лесно се подготвуваат. 

Ролат од МИСИРКА

За 4 луѓе
Подготовка: 40 минути

500 g мисиркино мелено месо
4 лажици павлака
4 листа пршута
3 листа тенко сечена моцарела или чедар сирење
1 лажица пармезан

1 жолчка
1 цело јајце
100 g брашно
100 g презли

една рака магдонос

масло
сол и бибер

5 грешки што сите ги правите кога похувате месо: Затоа секогаш ви излегува лошо!

rolat od ćuretine

ПОДГОТОВКА:

Мисиркиното месо ставете го во подлабок сад и замесете ја со три лажици презла, жолчка, ситно исецканиот магдонос, биберот, пармезанот и ставете еден прстофат сол. Префрлете ја на правоаголно парче фолија посипано со презла, добро натапкајте ја а потоа ставете преку неа нова фолија и направето го потенко со сукало. Кога доволно ќе го направите тенко премачкајте го со павлака, а од горната ивица од каде што ќе почнете да го свиткувате ролатот ставете ја пршутата и моцарелата. Добро уролајте ја затворете ги краевите и забодете чачкалица.  На самиот крај мисиркиното месо внимателно натапкајте го со брашно па во изматено јајце па во презла, а потоа префрлето го во плех на кој сте ставиле предходно фолија и малку зејтин. Печете на 200 степени 40 минути, а кога јадењето ќе биде готово, послужете го со зелена сварена боранија и малку сусам.

Богатство од вкусови: Побарајте го најновиот број на магазинот „Добра храна“

 

МИСИРКА ВО СОС ОД ПАВЛАКА И ПЕЧУРКИ

За 4 луѓе:

ПОДГОТОВКА: ЧАС И ПОЛОВИНА

СОСТОЈКИ:

600 г мисиркини батаци и карабатак

200 мл неутрална павлака за готвење

300 г печурки

главица кромид

чешне лук

1 лажица вегета

масло

бибер

рузмарин

Највкусните сарми од блитва со зеленчук

ćuretina u sosu od pavlake

ПОДГОТОВКА:

Батаците и карабатаците посолете ги, побиберите ги и пресечете ги на неколку места за да може во отворите да го ставите лукот и рузмаринот. Поставете ги во огноотпорен сад за печење кој предходно треба да биде премачкан со масло и наполнет со 200 мл вода. Прекријте ги со фолија и уфрлете ги во рерната загреана на 200 степени. После 40 минути тргнете ја фолијата, температурата намалете ја  и месото печете го додека не зарумени. Во меѓувреме во тавче со малку масло пропржете го ситно исецканиот кромид. Кога ќе пожолти додајте му испрани и на листови исечени печурки , а десет минути подоцна  сите состојки прелијте ги со неутрална павлака. Добро промешајте и додајте во садот со батаците. Оставете да се крчка на тивок оган 30 минути а пред послужувањето украсете со магдонос.

.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.