Повкусни не сте пробале: Лазања-ролати со алфредо-сос

Идеја за ручек

Омиленото јадење на малку поинаков начин

Состојки:
  • 6 листа тесто за лазањи
  • 40 г путер
  • 3 чешниња лук
  • 500 мл павлака за готвење
  • 50 г пармезан
  • 600 г пилешко бело месо
  • 1 пилешка коцка за супа
  • 6 листа кашкавал гауда
  • 10 пошироки листови тенко сечкана шунка
  • сол

Приготвување:

1. Пилешкото бело месо се вари заедно со коцката за супа. Потоа се цеди од вишокот течност и се сечка ситно.

2. Путерот се топи во тава, а потоа се додава пасираниот лук и се пржи кратко, колку да замириса. Се става павлаката за готвење и се додава пармезанот, па сето тоа заедно кратко се пржи.

3. Приготвениот сос постепено се додава во вареното и сечкано пилешко месо, по потреба, да се добие густа смеса погодна за размачкување.

4. Кратко се попаруваат листовите тесто за лазањи, за да станат свитливи, а потоа се цедат. На работната масичка се става растеглива фолија, а преку неа се распоредуваат листовите тесто така што на краевите ќе се преклопуваат и ќе прават правоаголник.

5. Преку тестото се премачкува филот од пилешкото месо и се прекрива со ливчиња кашкавал. Се рола со фолијата.

6. Листовите шунка се редат на посебно парче растеглива фолија така што на краевите ќе се преклопуваат и ќе прават правоаголник. На долната страна на правоаголникот се става ролатот и сето тоа заедно се мота.

7. Ролатот се мота во алуминиумска фолија, се става во плех обложен со хартија за печење и се пече во загреана рерна на 180°Ц, околу 40 минути. Потоа се отстранува фолијата и продолжува да се пече уште 5 минути.

Извор: Добра храна

Пилешки стек со кулен: Овој ролат од месо е вистински празник за непцата!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.