Потпечени тестенини со кашкавал и брокули: Кремасти и неверојатно вкусни – ќе барате репете!

Совршен брз оброк

Едноставно и брзо се приготвува, а вкусот воодушевува

Состојки:
  • 450 г тестенини
  • 400 г брокули
  • 2 лажици путер
  • 30 г брашно
  • 1 мал кромид
  • 3 чешниња лук
  • 500 мл млеко
  • 350 мл бујон од зеленчук
  • 250 г рендан чедар кашкавал
  • 100 г рендан пармезан
  • 30 г презла
  • сол
  • бибер
Приготвување:
  • Сварете ги тестенините во солена вода според упатството на пакувањето.
  • Три минути при крајот додајте ги брокулите, па сварете ги заедно.
  • Кога ќе се сварат, добро исцедете ги тестенините.
  • На тивок оган стопете го путерот, па додајте ситно исечкани кромид и лук.
  • Динстајте додека омекнат, а потоа додајте го и брашното.
  • Со бавно мешање додајте го млекото и бујонот.
  • Оставете го сосот да се крчка додека се згусне, со повремено мешање.
  • Тргнете го сосот од оган, додајте пармезан и чедар и посолете и забиберите по вкус.
  • Во голем сад премачкан со путер префрлете ги тестенините и брокулите, па прелејте ги со сос и посипете ги со презла.
  • Печете ги 20-30 минути во рерна загреана на 200 степени, додека кашкавалот се стопи и добие златна боја.
Ручек за 15 минути: Совршени тестенини со мирис на лимон и босилек за кои ќе извалкате само едно тенџере!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.