Потпечени тестенини со домати и сирење рикота: Летно уживање за непцата!

Нема да можете да престанете со јадење

Овој рецепт е едноставен, а дава магија од вкусови

Приготвувањето трае неколку минути, а поголемиот дел од работата го завршува рерната. Остатоците само ставете ги во фрижидер и подгрејте ги во рок од два дена.

Состојки:
  • 400 г тестенини
  • 400 г сирење рикота
  • пармезан
  • 500 мл млеко
  • 3 чешниња лук
  • 2 големи домати
  • сол
  • бибер
Приготвување:
  • Сварете ги тестенините во посолена вода, според упатствата на пакувањето.
  • Загрејте ја рерната на 200 степени Целзиусови и намрсете сад за печење.
  • Измешајте во блендер сирење рикота, млеко, пармезан, лук, сол и бибер.
  • Исцедете ги тестенините, измешајте ги со исечканите домати и смесата од сирење рикота.
  • Префрлете ги во садот за печење, покријте ги со фолија и печете околу половина час.
  • Откријте ги, измешајте ги и по потреба дополнително зачинете.

ФОТО: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.