Посно шаренило: Ручек што буквално секому му годи!

Главно јадење или прилог

Посното јадење може да биде многу вкусно, ако се приготви вака

Состојки:
  • 2 главици праз
  • 1 црвен кромид
  • 1 тиквичка
  • 2 црвени и 2 зелени пиперки
  • 200 г домати
  • 100 мл бело вино
  • 450 г варени леблебии
  • сол и бибер
  • половина лажиче чадена пиперка
Приготвување:

Издинстајте ги кромидот и празот. Додајте ги пиперките и тиквичките. Динстајте 10 минути. Потоа, додајте го доматот, посолете, забиберите и додајте вино.

Крчкајте 20 минути. На крајот, додајте чадена пиперка и леблебии.

Добар апетит!

Вкусно посно јадење: Крап печен во рерна
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.