Доколку сакате здрав посен појадок или вечера, пригответе си пирошки што ќе ги наполните со печурки и лушпи од соја
Состојки:
За тестото:
- 700-800 г брашно, тип 400, мазно
- 1 лажиче шеќер
- 30 г квасец
- 50 мл масло
- 2 лажички сол
- 100 г од зелениот дел на млад кромид
- 200 г спанаќ
- 300 мл вода
За филот:
- 500 г шампињони
- 30 г лушпи од соја
- 3 чешниња лук
- сол, бибер
Приготвување:
1. Замесете тесто од брашно, квасец, шеќер и сол, па во тестото додајте масло, зелениот дел од кромидот и спанаќ. Оставете го тестото да одмори и да се удвои, а за тоа време, пригответе го филот.
2. За филот, продинстајте шампињони, лушпи од соја, лук и наполнете го нараснатото тесто со оваа смеса.
3. Печете во загреана рерна на 200 степени, 20-25 минути. Испечените пирошки, додека сè уште се врели, премачкајте ги со масло.
ФОТО: Freepik