Посен паприкаш: Идеален оброк за летните денови, сочен и преполн со витамини!

Здраво и вкусно

Лесен, а превкусен оброк

Состојки:
  • 1/2 кг компири
  • 1/2 кг кромид
  • 2 моркова
  • 4 поголеми пиперки
  • 1 врзоп магдонос
  • 2 лажици сув зачин
  • 2 лажици брашно
  • мелена пиперка
  • сол
Приготвување:

Излупете ги компирите и исечкајте ги на коцки. Прелејте ги со вода за да се потопат и додајте сечкан кромид, морков и пиперка, па ставете го сето тоа да се вари. Разматете брашно и мелена пиперка во малку вода, па додајте ја во јадењето.

Додајте зачин и сол по вкус, па тргнете го јадењето од шпорет и додајте врзоп ситно сечкан магдонос.

Добар апетит!

Вкусен ручек полн со зеленчуци: Пробајте паприкаш од рерна!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.