Посен гулаш по најдобриот ресторански рецепт: Поради овој трик ќе биде повкусен и од класичната верзија со месо!

Пробајте!

Откријте ја тајната на вкусниот посен гулаш како од ресторан

Посниот гулаш може да биде многу богат и вкусен ако се приготви како во рестораните – со многу зеленчук, добри зачини и бавно готвење. Ви пренесуваме еден ресторански рецепт за највкусниот посен гулаш, кој заситува и е полн со вкусови.

Состојки:
  • 2 поголеми кромида
  • 2 моркова
  • 1 црвена пиперка
  • 300 г шампињони
  • 2 компира
  • 2 чешниња лук
  • 2 лажици масло
  • 1 лажица црвен пипер
  • 1 лажица доматно пире
  • 1 лажиче сушен магдонос или целер
  • 1 лавров лист
  • сол и бибер по вкус
  • 700 мл вода или бујон од зеленчук
  • по желба: малку лута пиперка
Приготвување:

1. Ситно исечкајте го кромидот и пропржете го на масло додека стане стаклест. Во рестораните кромидот се пржи малку подолго за да му даде силна арома на гулашот.

2. Додајте сечкан морков и пиперка, па кратко пропржете, околу 5 минути.

3. Додајте ги шампињоните исечкани на листови. Посолете и забиберите, па гответе додека пуштат вода.

4. Додајте лук, црвен пипер и доматно пире. Промешајте брзо за да не загори пиперот.

5. Сипете вода или бујон од зеленчук, додајте компир исечкан на коцки и лавров лист. Гответе на средна температура околу 40 минути додека компирот се свари, а гулашот се згусне.

6. Пред крајот, додајте сушен магдонос или целер. Ако сакате погуст гулаш, згмечете неколку коцки компир во сосот.

Совети од ресторанските кујни:
  • Бујонот дава посилен вкус од водата.
  • Димената пиперка може да даде арома слична на онаа на гулашот со месо.
  • Бавното готвење на потивок оган помага вкусовите подобро да се соединат.
  • Посниот гулаш честопати е уште повкусен утредента.
Како се послужува?

Најдобро оди со тазе леб, тестенини, палента или пире од компир.

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе