Посен грав: Најздравиот ручек на светот!

Здраво!

Полн со влакна и витамини, овој ручек им се препорачува на сите

Состојки:
  • 200 г бел грав
  • 200 г шарен грав
  • 1 помала тиквичка
  • 1 поголема главица кромид
  • 4-5 чешниња лук
  • лавров лист
  • бибер, мелен и во зрна
  • сол, сув зачин
  • 1 лажица брашно
  • 1 лажиче црвен мелен пипер
  • 1 зелена пиперка
  • лист од магдонос
Приготвување:

Исчистете го гравот и измијте го добро во неколку води. Прелејте го за да се натопи во водата и зовријте го неколку минути. Исцедете го и измијте го со ладна вода. Повторно сипете вода, додајте сечкан кромид, тиквичка на коцки, лавров лист, зрна бибер, зелена пиперка и оставете го да се вари. Во варениот грав додајте зачини, сол, бибер.

Во помало тавче, сипете малку масло па ставете сечкан лук, пропржете и додајте брашно и црвен пипер да се пропржи малку. Веднаш тргнете го тоа од оган и сипете ја запршката во гравот, па промешајте малку. Оставете го да врие неколку минути и на крај додајте лист од магдонос.

Два начина да ја приготвите најдобрата запршка за грав: Повкусен сигурно никогаш не сте пробале!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.