Полнети тортилја-корнети: Совршени се за мезе и за ненајавени гости!

Интересен и вкусен оброк

Одлична идеја за оброк кога ви се јаде нешто вкусно, а не сакате да поминете многу време во кујна

Мартина Симјановска, која редовно ги споделува своите вкусни рецепти на инстаграм-профилот @martinascookingg, откри како приготвува вкусен оброк за 20 минути. Испробајте ги нејзините полнети тортилја-корнети!

Состојки:
  • 5 тортилји
  • 200 г мелено месо
  • 1 кромид
  • 1/2 чаша доматно пире
  • 1/2 чаша печурки
  • 150 г рендан кашкавал
  • сол
  • бибер
  • мешан сув зачин
  • буковец

Приготвување:

1. Пропржете го месото со кромидот, печурките и зачинете, па на крај, додајте го доматното пире.

2. Пресечете ги тортилјите на пола, завиткајте ги како корнет и зацврстете ги со чепкалка за заби. Печете ги 6-8 минути во загреана рерна на 180 степени.

3. Наполнете ги со филот и кашкавал, па потпечете ги уште 5-10 минути (зависно од тортилјите и рерната). Послужете и уживајте!

ФОТО: ИНСТАГРАМ

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе