Полнети плескавици со тиквички

За 4 лица

Изренданите тиквички добро се цедат за да не се распаѓаат плескавиците.

Состојки:

  • 500 г мелено пилешко месо
  • 1 млада тиквичка
  • 2 помали јајца
  • 1 лажиче копар
  • 5 лажици лебни трошки
  • 150 г моцарела
  • сол
  • масло

 За прилог:

  • 3 млади тиквички

 Приготвување:

  1. Младата тиквичка се мие, ѝ се сечат врвовите, па заедно со кората се ренда крупно. Моцарелата се сече на крукчиња.
  2. Изренданата тиквичка добро се цеди, а потоа се соединува со меленото пилешко месо, пасираниот лук, јајцата, лебните трошки и копарот. Се посолува по желба, па добро се меша за да се добие изедначена смеса. Ако е смесата помека, по потреба се додаваат уште малку лебни трошки.
  3. Од приготвената смеса се обликуваат 7 топки. Секоја топка се истенчува, па на средината се става крукче моцарела, па краевите се преклопуваат кон средината, за да се залепат.
  4. Полнетите плескавици се спуштаат на врело масло со краевите свртени надолу. Се пржат прво од едната, а потоа и од другата страна, додека поруменат.
  5. Преостанатите тиквички се мијат и се сечат на крукчиња, се посолуваат и се печат во грил-тава. Се послужуваат како прилог со готовото јадење.

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.