Полнети палачинки со зелка: Подобри од секоја пита!

Задолжително пробајте!

Ако не сте вешти во правењето пити. овој рецепт за палачинки е идеален за вас

Состојки:
  • 6 готови палачинки
  • 1 главица кромид
  • ½ килограм слатка зелка
  • 200 грама мелено месо
  • масло
  • бибер
  • сол
  • 2 јајца
  • 200 милилитри јогурт
  • 200 грама кисела павлака
  • малку кашкавал
Приготвување:

На масло пропржете сечкан кромид, па додајте мелено месо, пропржете го и него, па додајте зелка и продинстајте ја. Додајте сол и бибер. Во палачинката ставете две лажици од филот, свиткајте ги рабовите, па смотајте ја.

Подмачкајте плех со масло и наредете ги палачинките. Изматете ги јајцата и додајте јогурт и павлака. Добро измешајте, па прелејте ги палачинките. Одозгора изрендајте кашкавал. Печете во рерна на 220 степени околу 20 минути.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.