Полнета млада зелка: Богат посен ручек од зеленчук!

Од кујната на баба

Ќе бидете сити и презадоволни од вкусот

Состојки:
  • 1 главица млада зелка
  • 1 морков
  • 1 праз
  • 1 компир
  • мешан зеленчук
  • 1 лажица ајвар
  • масло
  • бибер
  • 3 чешниња лук
  • мелена пиперка
  • 1 шолја варен домат
  • 1 лажичка брашно

Приготвување:

Отсечете го врвот на зелката и извадете ја средината. На масло пропржете го сечканиот праз, додајте морков и сечкан зеленчук и сето тоа убаво динстајте го додека не омекне. Додајте сечкан компир, сечкан лук и сечкан магдонос.

Додајте лажица ајвар, зачини, бибер, сол и сето тоа добро измешајте го. Наполнете ја зелката со оваа смеса и поклопете ја со делот што го отсековте.

Прелејте ја со вода и загревајте ја околу 30 минути. На масло, пропржете брашно, додајте малку црвен пипер и варен домат и прелејте ја зелката со тоа. Додајте уште малку сол ако е потребно и сечкан лист од магдонос.

Варете уште минута-две и полнетата зелка е готова!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.