Прекрасен и необичен рецепт
Состојки:
- 1 главица свежа зелка
- 3 јајца
- презла
- брашно
- масло
- сол
- 3 чешниња лук
Приготвување:
Извадете го коренот од зелката. Во подлабок сад сипете вода, па посолете ја. Варете ја зелката 10-15 минути, па извадете ја, исцедете ја и оставете ја да се лади. Изматете ги јајцата и посолете ги. Исечете ја зелката на осмини, па секој дел извалајте го во брашно, јајца и презла и наредете ги во подмачкан плех. Ставете малку масло озгора.
Печете околу 30 минути на 200 степени Целзиусови.
Во тавче сипете околу 50 милилитри масло, додајте полна лажица брашно, па пржете го и додајте издробен лук, па пропржете го и него малку. Додајте млеко или вода, сол и бибер и мешајте за сосот да биде поредок.
Извадете ја зелката од рерна, па додајте го сосот и вратете ја во рерна да се крчка уште десетина минути. Послужете го јадењето топло.
Извор: Kod bake u gostima