Време е максимално да го искористите карфиолот
Овој рецепт ќе ве инспирира да приготвите здрав и вкусен ручек.
Состојки:
- 500 г карфиол
- брашно
- лебни ронки
- сол
- масло
- 4 јајца
- 200 г кисела павлака
- 100 мл јогурт
- 4-5 чешниња лук
Приготвување:
Искинете ги цветовите од карфиолот, па сварете го малку, исцедете го и исушете го. Во отворите на цветовите, додајте издробен лук и посолете.
Намрсете го па извалајте го во брашно, изматени јајца и лебни ронки. Подмачкајте тепсија со масло, па наредете го карфиолот.
Во преостанатиот фил додајте уште едно јајце, малку павлака и јогурт. Измешајте, па прелејте го врз карфиолот. Печете на 200 степени Целзиусови 40-45 минути.