Плескавиците од тиквички се превкусни, а се приготвуваат за 10 минути: Со малку сода бикарбона, стануваат воздушести!

Фантастичен рецепт за совршени плескавици од тиквички

Со малку сода бикарбона ќе добиете крцкави и воздушести залачиња за 10 минути

Младите, сочни и нискокалорични тиквички носат свежина на трпезата. Но иако изгледаат едноставно за приготвување, понекогаш знаат да бидат проблематични, особено кога сакаме да ни излезат совршени – однадвор крцкави, а внатре меки и воздушести.

Многумина се имаат соочени со овој проблем: плескавиците некогаш излегуваат совршени, некогаш се распаѓаат, впиваат премногу масло или остануваат збиени и полни со вода. Причината за тоа најчесто не се крие во самиот рецепт, туку во еден мал, но клучен детаљ, кој прави огромна разлика.

Состојки:
  • 2 средни тиквички
  • 2 јајца
  • 3-4 лажици брашно
  • 2 лажици јогурт или павлака
  • 1 чешне лук (по желба)
  • прстофат сода бикарбона
  • сол и бибер по вкус
  • малку сечкан магдонос
  • масло за пржење
Приготвување:

1. Измијте ги тиквичките и изрендајте ги на крупното ренде. Посолете ги и оставете ги 10-15 минути да пуштат вода. Потоа, добро исцедете ги со раце или газа – ова е клучниот чекор за да не ви бидат блуткави плескавиците.

2. Во чинија изматете јајца, додајте јогурт или павлака, па измешајте ги исцедените тиквички. Додајте ситно сечкан лук, магдонос, сол и бибер. Потоа, додајте брашно и на крајот, прстофат сода бикарбона. Сето тоа добро промешајте го за да добиете изедначена смеса со средна густина.

3. Оставете ја смесата да отстои 5-10 минути. Ова е важен чекор, бидејќи содата бикарбона тогаш почнува да дејствува и им дава воздушеста текстура на плескавиците.

4. Во тавче загрејте масло на средна температура. Со лажица вадете од смесата и спуштајте ја во тавче, притоа обликувајќи ја малку.

5. Пржете ги плескавиците 2-3 минути од секоја страна, додека добијат златно-кафена боја. Немојте да ги пржите на превисока температура, бидејќи брзо ќе заруменат однадвор, а внатре ќе останат живи. Вадете ги на хартиена салвета за да се впијат вишокот маснотии.

Сода бикарбона – мала состојка, голем ефект

Искусните домаќинки одамна знаат дека прстофат сода бикарбона може комплетно да ја промени текстурата на плескавиците. Кога ќе се додаде во смесата, содата влегува во реакција со природната киселост на тиквичките, при што се создаваат ситни меурчиња воздух. Токму тие меурчиња ги прават плескавиците лесни, воздушести, наместо тешки и збиени.

Овој процес е особено важен, бидејќи тиквичките природно содржат големо количество на вода. Дури и кога добро ќе ги исцедите, смесата често останува влажна и мека, што може да доведе до лоша структура при пржењето. Содата бикарбона помага да се стабилизира смесата однатре, без да додавате премногу брашно, кое често ја „гуши“ текстурата.

Доволно е само мал прстофат сода бикарбона. Ако се претера, плескавиците може да добијат горчлив вкус и непријатно растресита текстура. Затоа е важно да бидете умерени и прецизни.

ФОТО: Freepik

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе