Пилешко во сос од лук, путер и лимон: Сочен ручек, прсти да излижете!

Превкусен оброк

За само половина час ќе направите совршен оброк во кој сигурно ќе уживате

Пилешкото приготвено на овој начин одлично оди со ориз и печени компири.

Состојки:
  • 5 пилешки батаци
  • 1/2 лажица бибер
  • 50 г путер
  • 100 мл пилешка супа
  • 2 чешниња лук
  • сок од еден лимон
  • сол
Приготвување:
  • Загрејте ја рерната на 180 степени Целзиусови
  • Посолете го и зачинете го пилешкото со бибер, па печете го на хартија за печење 20-тина минути.
  • Зголемете ја температурата при крајот за кожичката да стане крцкава.
  • Во тавче стопете путер и мешајте неколку минути.
  • Сипете ја супата, додајте исечкан лук и сок од еден лимон.
  • По желба додајте и неколку резанки лимон.
  • Додајте го пилешкото и оставете го да крчка неколку минути.
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.