Пилешко со тиквици и павлака: Совршен ручек готов за половина час!

Пробајте го овој рецепт!

Може да го послужите пилешкото и со тестенини

Овој рецепт за пилешко со тиквички и павлака ќе стане вашето омилено јадење!

Потребни состојки:
  • 1 пакување пилешки гради
  • 1 помала тиквичка
  • 1 кисела павлака
  • 2 лажици сусам
  • помала главица кромид
  • сол
  • зачини по желба
Приготвување:

Исечете го месото на коцки, па зачинете го со сол и зачини по желба. Во тавче ставете малку масло, пропржете го кромидот, а потоа додајте го месото.

Намалете на средна температура и оставете го да се пржи десетина минути, па додајте ја тиквичката што претходно сте ја исечкале на коцки.

Оставете да се крчка уште десетина минути, за да можат соковите што ги испушта тиквичката да го омекнат месото.

Во сад ставете павлака и сусам, измешајте, па додајте ги во тавчето. Кога сите состојки ќе бидат во тавчето, оставете го јадењето да се крчка уште 7-8 минути.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.