Пилешки стек со кулен: Овој ролат од месо е вистински празник за непцата!

Пробајте!

Сочен филуван ролат од пилешко месо – одличен за ручек

Состојки:
  • 700 г пилешко бело месо
  • 7 листа кашкавал гауда
  • 100 г кулен сечкан на крукчиња
  • 3 јајца
  • 200 г лебни трошки
  • 40 г пармезан
  • 150 г екстра бело брашно тип 400 на „Жито лукс“
  • 250 мл тартар-сос
  • 500 г компири
  • црн пипер
  • масло
  • сол

Приготвување:

1. Пилешкото бело месо се сече на 6 стека, се истенчува преку најлонско кесе со толчник за месо, се посолува и забиберува.

2. Секое парче се прекрива со крукчиња кулен и се нанесува по еден лист кашкавал гауда. Бочните страни на стековите се превиткуваат 1 см кон средината, а потоа месото се рола.

3. Ролничките се валаат во екстра бело брашно тип 400 на „Жито лукс“, потоа во изматените јајца и на крајот во мешавината од лебни трошки и пармезан.

4. Панираните ролнички се пржат на врело масло додека заруменат од сите страни. Се вадат на хартиена салфетка, за да го впие вишокот маснотија.

5. Компирите се лупат и се сечкаат на стапчиња, па се пржат на врело масло. Похуваните стекови се послужуваат прелеани со тартар-сосот и со помфритот.

Извор: Добра храна

Вкусен и богат ручек што ќе ве засити: Пригответе пилешка мучкалица од рерна!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.