Пилешка пита со тиквички: Брз ручек од рерна

Вистински летен оброк

ФОТО: Shutterstock

Вкус создаден за уживање

Состојки:
  • 700 грама млади тиквички
  • 100 грама пилешко филе
  • 1 главица кромид
  • 3 лажици кисела павлака
  • лажиче мед
  • 1 јајце
  • 100 грама сирење
  • 1 лажица масло
  • сол
  • бибер
  • други зачини по вкус
Приготвување:

Исечкајте го пилешкото на коцки и ставете го во чинија. Измешајте мед, павлака, бибер и сол, па прелејте ги коцките пилешко, измешајте и оставете ги да се маринираат.

Исечкајте го кромидот и пропржете го на масло додека не омекне. Излупете ги тиквичките, измијте ги, па изрендајте ги крупно. Зачинете ги со малку сол, па измешајте ги и со рака исцедете го вишокот вода од тиквичките. Изрендајте го сирењето.

Во сад ставете ги коцките пилешко, прелејте ги со една изматено јајце, наросете ги со рендано сирење, па додајте го и пропржениот кромид. Добро измешајте, па додајте ги тиквичките и повторно промешајте. По желба, додајте уште сол или други зачини.

Префрлете ја смесата во сад за печење обложен со хартија за печење, израмнете ја и печете ја 40-50 минути на 200 степени.

Овој феноменален оброк од тиквички е одличен и за вечера. Не содржи многу калории, а многу е вкусен и сочен. Добар е како ручек во летните месеци, кога тешката и масна храна не ни годи поради жештините.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.