Пикантно пилешко во сос од манго и ориз со вргањ

Готвиме со Бранко!

Бранко Попоски постојано изненадува со вкусни и оригинални рецепти

Нашиот гастро-мајстор Бранко Попоски овој пат не’ изненади со пикантно пилешко во сос од манго и ориз со вргањ. Повеќе негови вкусни рецепти може да најдете на неговиот инстаграм-профил @cookingwithbranko.

Состојки:
  • 1 кг пилешки стек
  • 200 мл крем-павлака
  • 1 манго
  • 200 мл млеко
  • 1 мала шолја бело вино
  • 2 шолји ориз
  • 200 гр вргањ
  • чили
  • сол
  • бибер
  • босилек
  • 2 лажици путер
  • рукола
  • пармезан
Приготвување:

1. Ставете го стекот да отстои во млеко 10 часа, па згответе го во претходно загреано тавче со 2 лажици путер. Динстајте го зачинетиот стек околу 15-20 минути.

2. Додајте шолја бело вино и манго сечкано на коцки, загревајте 15-20 минути, па додајте крем-павлака и загревајте додека зоврие.

3. Настрана пригответе го оризот со вргањ.

4. Сервирање: во тркалезна чинија ставете топка од приготвениот ориз со вргањ, па врз него додајте го пилешкото со манго и украсете со рукола и пармезан.

Уживајте во овој вкусен специјалитет!

Извор: Добра храна

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.