Паста „алмондо де ла шеф“

Добар апетит!

Принтскрин Youtube

Уживајте во богатиот вкус на тестенините со пршута, кои дефинитивно ќе ги освојат дури и „најскептичните“ гурмани.

Се сечкаат 3 парчиња медитеранска пршута на квадратчиња и се пропржуваат на маслиново масло. Се додава малку бело вино, се меша додека да испари алкохолот, па се додава 1,5 дл неутрална павлака. Може да се стави и малку сол, но внимавајте – пршутата е солена!

*Доколку се случи сосот да е поредок, се додава лажица брашно и се меша сè додека се постигне саканата густина.

Во меѓувреме, се вари тестенината, а наша препорака се таљатели (се варат 10-15 мин.).

Се мешаат 200 г таљатели и сос, се додава сусам, а одозгора се ренда пармезан. Ако сакате босилек, можете да го ставите наместо пармезан.

Текст: Убавина и здравје

Фото: Delallo.com

 

 

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.