Овој здрав појадок од само 2 состојки е совршен за секој што нема време и сака слатки

Иако многумина велат дека тоа е најважниот оброк во денот, многу луѓе го прескокнуваат појадокот заради својот модерен и брз начин на живот.

Но, без оглед дали сте во брзање или не сте личност која станува рано и има подолги утрински ритуали, кои вклучуваат пиење на вашиот омилен топол пијалак и појадување, можете да јадете здраво и брзо. За секој што се пронајде во претходната реченица, нутриционистот и готвач Миа Ригден има совршено решение за вас. Здрав појадок за кој се потребни само две состојки, банани и јајца, таа го послужува на своето дете скоро секој ден.

Но, пред да ви го откриеме овој едноставен рецепт, треба да потенцираме зошто Миа и нејзиното семејство постојано се враќаат на овој појадок. Покрај тоа што е вкусен, ваквиот појадок е исклучително здрав. Јајцата ги содржат сите есенцијални аминокиселини, полни се со протеини, содржат омега-3 масни киселини, витамини и минерали. Бананите се исто така здрави и ќе му дадат на овој здрав појадок и сладост.

Подготовка и состојки

За овој здрав појадок ќе ви требаат само банани и јајце. За една палачинка со банана ќе ви треба половина пасирана банана и едно јајце. Добро ќе ги измешате двете состојки и ќе пропржите во малку масло или обичен путер или кокосово масло. Миа не додава никакви зачини во смесата, но може да додадете цимет, малку сол, ванила и слично. Палачинката можете да ја послужите со вашиот омилен здрав засладувач, овошје, домашен незасладен џем, а можете да ја јадете и сама по себе.

Прочитајте и: 5 идеи за здрави протеински оброци засновани на грчки јогурт

 

ФОТО: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.