Рецепт за кремаст и неодолив ручек
Состојки:
- 500 г тортелини
- 250 мл павлака за готвење
- 60 г димен кашкавал
- 1 црвен кромид
- 70 г сланина
- 120 г спанаќ во брикети
- 2 чешниња лук
- 2 л вода
- сол и бибер
Приготвување:
Варете ги тортелините во врела вода, околу 10 минути. Во тавче ставете сланина и пропржете. Извадете ја од тавчето. Додајте го кромидот и брикетите спанаќ. Динстајте 10 минути.
Додајте павлака за готвење и лук. Посолете и забиберите. Додајте кашкавал. Измешајте ги состојките. Додајте ги сварените тортелини во смесата.