Ова е најздравиот ручек на светот: Вкусен, брзо се приготвува, а топи килограми!

Сојузник за вита линија

Ако барате нешто вкусно а брзо, имаме одлична идеја

Овој ручек е полн со витамини и минерали, но и многу е вкусен. Одлична идеја за сите оние што сакаат да изгубат по некој килограм или едноставно да се хранат здраво.

Кафеавиот ориз, кој е главната состојка на овој оброк, изобилува со манган, селен и влакна. Храната богата со влакна го одржува чувството на ситост, па затоа се препорачува за луѓето кои сакаат да изгубат вишок килограми.

Покрај тоа што е богат со влакна, интегралниот ориз постепено испушта шеќер во крвотокот, а високата содржина на магнезиум помага за регулирање на нивоата на шеќер во крвта.

Состојки:
  • 100 г интегрален ориз
  • 50 г бело месо
  • 1 пиперка
  • 1 морков
  • половина главица кромид
  • 1 компир
  • 1 тиквичка
  • масло
  • сол
  • бибер
Приготвување:

Зеленчукот и белото месо исечкајте ги на коцки и пропржете ги на малку масло. Во тенџере ставете го оризот, прелејте го со вода и варете го на тивок оган. Кога оризот ќе почне да набабрува, додајте го зеленчукот што сте го приготвиле и месото и гответе додека оризот омекне. По желба, посолете и забиберите. Добар апетит!

3 едноставни рецепти за здрав ручек за сите оние кои немаат време да готват
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.