Ориз на поинаков начин: Ризото со телешко месо

Пробајте!

Изненадете ги вашите домашни со ова вкусно ризото

Состојки:
  • 1 поголема главица црвен кромид
  • 450 г телешко месо од бут
  • 3 моркови
  • 250 г шампињони
  • 150 г ориз
  • 1 цикорија
  • 1/2 помала салата марула
  • 50 г пармезан
  • 30 мл соја-сос
  • црн пипер
  • масло
  • сол

Приготвување:

1. Црвениот кромид се чисти и се сече на коцки, морковите крупно се рендаат, а шампињоните се сечат на листови.

2. Телешкото месо се сече на потенки ленти.

3. На малку масло се пропржува црвениот кромид, а потоа се додава месото и се пржи, со постојано мешање, додека ја промени бојата.

4. Се додаваат 2/3 од ренданиот морков и шампињоните, па сето тоа заедно кратко се пропржува.

5. Се додаваат оризот, соја-сосот и зачини по желба, па понатаму се динста, со долевање вода додека течноста зоврие, а оризот набабри.

6. Зелената салата марула и цикоријата се сечат на покрупни коцки и се додаваат во јадењето заедно со преостанатиот морков при крајот на готвењето, за да остане зеленчукот крцкав.

7. Непосредно пред послужувањето, јадењето се посипува со пармезан.

Извор: Добра храна

loading...
Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време