Одличен ручек за целото семејство: Стекови со ориз

Пробајте!

Не сте пробале повкусни стекови

Состојки:
  • 1 поголема главица црвен кромид
  • 3 чешниња лук
  • 2 поголеми моркови
  • 180 г ориз
  • 1 китка магдонос
  • 120 г млад спанаќ
  • 1 лажиче путер
  • 4 црвени пиперки бабури
  • црн пипер
  • сол
  • масло

Приготвување:

1. Црвениот кромид се чисти и се сече на коцки, лукот се пасира, морковите се лупат и се рендаат крупно.

2. На малку масло се пропржуваат црвениот кромид и лукот, а потоа се додаваат морковите, па и тие кратко се пропржуваат.

3. Се додава оризот и се пржи, со непрекинато мешање, неколку минути. Потоа се динста, со долевање вода додека оризот омекне и почне да се распаѓа.

4. При крајот на динстањето се додаваат ситно сечканиот магдонос и спанаќот и зачини по желба.

5. Во приготвеното ризото се става малку путер и се меша да се растопи. Смесата се поклопува и се остава да се олади. Потоа добро се гмечи за да се добие леплива смеса.

6. Од приготвената смеса со намрсени раце се обликуваат стекови.

7. Плехот за печење се обложува со хартија за печење и се попрскува со масло, па во него се редат фашираните стекови. Се печат во загреана рерна на 200°Ц, околу 30 минути.

8. Пиперките се чистат и се сечат на покрупни коцки, па се пропржуваат на малку масло. Се послужуваат како прилог со стековите.

Извор: Добра храна

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.