Од кујната на баба: Највкусниот подварок што некогаш сте го пробале

Традиционален вкус

Еднаш кога ќе го пробате овој подварок, секогаш ќе го приготвувате

Состојки:
  • 1,2 кг кисела зелка
  • 2 главици црвен кромид
  • 4 чешниња лук
  • 4 лажици маст
  • 150 г сува сланина
  • 400 г чадени суви ребра
  • 2 лажици екстра бело брашно
  • 1 лажиче мелен пипер
  • црн пипер
  • сол

Приготвување:

1. Киселата зелка добро се мие, за да не биде премногу солена, и се цеди од вишокот течност.

2. Црвениот кромид се чисти и се сече на коцки, лукот се сечка што поситно.

3. Сланината исто така се сече на коцки, а ребрата на покрупни парчиња.

4. Во тенџере се растопуваат 3 лажици маст, па на неа се пржи сланината. Се додаваат исечканиот црвен кромид и лук, па сето тоа заедно кратко се пропржува.

5. Се додава исчистената зелка и понатаму се динста, со непрекинато мешање, додека се пропржи зелката. Пота, постепено се долева вода и се динста на умерена температура, додека омекне зелката.

6. При крајот на динстањето се ставаат чадените суви ребра, се долева уште малку вода, па се поклопува и се вари десетина минути.

7. Потоа смесата се преместува во плех за печење и се пече во рерна загреана на 180°Ц, околу 90 минути.

8. Посебно во тава се растопува маст, па се додава екстра белото брашно и кратко се пржи. Се трга од огнот, па се додава мелениот пипер.

9. При крајот на печењето јадењето се прелева со запршка, полека се меша и се враќа во рерната да се потпече.

Извор: Добра храна

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.