Необично и вкусно: Лазањи со компири

Прсти да излижете!

Ако не сте љубители на меленото месо, пробајте ги овие лазањи со компири

Состојки:
  • 1,3 кг бел компир
  • 300 г исечена шунка
  • 250 г кашкавал
  • 350 мл павлака за готвење
  • 3 јајца
  • 40 г пармезан
  • сол
Приготвување:

1. Измијте го белиот компир, па заедно со кората сварете го во зовриена вода, внимавајќи да не се превари. Потоа оставете го да се олади, па излупете го и исечете го на резанки.

2. Посебно помешајте ги павлаката за готвење, јајцата и пармезанот.

3. Ставете малку од павлаката во огноотпорен сад, па преку него наредете резанки компир и прелејте ги со малку прелив. Потоа наредете резанки шунка, а најпосле ливчиња кашкавал. Истата постапка повторувајте ја додека го потрошите целиот материјал. Завршете со прелив од павлака.

4. Печете во загреана рерна на 200 степени Целзиусови додека порумени.

Напомена: Оставете ги печените лазањи пред послужувањето да се оладат, за да можете уредно да ги исечете на квадрати.

Извор: Добра храна

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.