Необични ќофтиња со компир: Јадење што ќе го обожавате!

Пробајте!

Изненадете ги вашите домашни со овој вкусен рецепт

Состојки:
  • 300 грама мелено месо
  • 3 лажици презла
  • 1 главица кромид
  • 4-5 чешниња лук
  • 2 јајца
  • 200 грама кисела павлака
  • малку кашкавал
  • малку мелена пиперка
  • мелен бибер
  • 3 поголеми компири
  • масло

Приготвување:

Во меленото месо додајте презла, исечкан кромид, исечкан лук, 1 јајце, мелена пиперка и бибер и сето тоа добро измешајте го. Направете ќофтиња.

Сварете го компирот и исечете го на кругови. Подмачкајте тепсија со масло и обложете ја дното со компири, како и од страните.

Наредете ги ќофтињата, а помеѓу секое од нив, заглавете кругови компир. Изматете јајце и додајте павлака, па измешајте. На секое ќофте ставете лажица павлака.

Одозгора изрендајте кашкавал. Печете на 220 степени Целзиусови околу 40 минути за да зарумени убаво.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.