Не сте пробале подобар: Овој пилешки ражнич ќе им пружи незаборавно уживање на вашите сетила

Прсти да излижете!

Направете ражнич што е 100 пати подобар од оној во рестораните

Приготвувањето на овој рецепт не е воопшто тешко, ќе ви требаат само стапчиња за ражничи.

Потребни состојки:
  • 500 грама пилешки гради
  • 1 лажичка кумин
  • 1 лажичка мајчина душица
  • 1 лажичка оригано
  • 1 лажичка црвен пипер
  • 100 грама фета сирење
  • 1 павлака
  • 1 лажица мајонез
  • сок од половина лимон
  • ситно сечкан свеж магдонос
  • домат
  • зелена салата
  • сечкана зелка
  • пченка
  • кромид
  • тортилји
  • масло
  • сол и бибер

Приготвување:
  • Исечкајте го месото на поголеми парчиња, па ставете го во мешавина од кумин, мајчина душица, оригано и црвен пипер.
  • Додајте и малку масло и добро извалајте го месото, па набодете го на стапчиња за ражничи.
  • Загрејте малку масло на тавче и пржете ги ражничите додека не бидат готови.
  • За тоа време, загрејте ја тортилјата и исечкајте го зеленчукот.
  • Може да користите зеленчук по желба.
  • Направете го сосот така што ќе измешате павлака, мајонез, лук, сок од половина лимон и ситно сечкан магдонос.
  • Кога месото ќе биде готово, исечете го со нож од сите страни на стапчето за да добиете парчиња што потоа ќе ги завиткате во тортилја.
  • Месото можете и да го извадите од стапчињата, па на коцки да го додадете во тортилјите.
  • На загреаната тортилја додајте сос, наредете го зеленчукот и фета сирењето, па додајте месо и завиткајте. Тортилјата нека биде добро зацврстена за да не ви испаѓаат додатоците, а ако сакате да бидете сигурни дека сè ќе си остане на место, може да ја завиткате и во фолија.
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.