Направи сама: Плескавици од риба

Меко, сочно и хранливо

Овој рецепт ќе биде вистинско уживање за љубителите на риба. За приготвувањето ќе ви бидат потребни 40-тина минути.

Состојки за 4 лица: 5 филети бела риба, 225 г зелена боранија, 550 г пире од компир, 1 јајце, 2 лажици маслиново масло

Приготвување: филетите варете ги во 6 дл вода додека не почнат да се распаѓаат на парчиња. Процедете ги, разделете ги на покрупни парчиња и отстранете ги кожата и коските. Во меѓувреме, варете зелена боранија во вода што врие околу 5 мин. Потоа додајте ги боранијата и едно изматено јајце. Зачинете по желба и направете 8 плескавици.

Посипете ги со брашно, згрејте маслиново масло во тава и печете ги 4 минути од двете страни.

Текст: Н. Човиновска

Фото: Pixabay

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.