Најбрзите и најсочните потпечени тиквички од рерна: Ќе станат вашето омилено јадење!

Прсти да излижете!

Ова сочно и вкусно јадење е одлично како семејна вечера, но и како прилог за месо

Состојки:
  • 3 тиквички со средна големина
  • 2 јајца
  • 2 лажици брашно, може и презла
  • 150 г сирење
  • 1/2 врзоп свежа мирудија
  • сол по желба
  • бибер по желба
  • 1 грст рендан кашкавал за посипување
  • масло за премачкување
Приготвување:

Излупете ги тиквичките и крупно изрендајте ги. Изматете ги јајцата со брашно, додајте дробено сирење, тиквички, а потоа и ситно сечкана мирудија, сол и бибер.

Целата смеса сипете ја во тепсија, претходно намрсена и посипана со брашно.

Печете на 180-200 степени Целзиусови додека порумени. Потоа, посипете кашкавал одозгора и вратете ги во рерна да се печат уште 5-6 минути.

Јадењето можете да го послужите топло или ладно. Добар апетит!

Потпечени тиквички со јајца и со сирење: Наједноставен и највкусен оброк!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.