Најбрзиот рецепт за тестенини: Сос на кој нема да можете да му одолеете (ВИДЕО)

Рецепт

Тестенините со сос е јадење кое брзо се приготвува, па затоа е идеално доколку немате многу време.

Ако тестенините ви се омилено јадење, знаете дека може да се приготват на безброј начини. Ви доносиме еден брз рецепт кога сакате да ги зготвите ручек, а немате многу време за сосот.

Потребни состојки:

350 г тестенини

100 г павлака за готвење

100 г кисела павлака

1 мала лажичка брашно

150 мл млеко

2 чешниња лук

100 г шунка

50 г кашкавал

мелен бибер

лист од магдонос

малку масло

Приготвување:

Во масло пропржете го брашно со издробен лук. Додајте ги двата вида павлака и млекото и оставете смесата да зоврие.

Додајте го кашкавалот, а кога ќе се растопи, додајте ги зачините, биберот и магдоносот. Оставете ја смесата да врие минута до две.

Со сосот, прелијте ги сварените тестенини. Добар апетит!

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.