Најбогатиот посен оброк: Крцкав крап и компир-салата

Пробајте!

Посната храна може да биде и вкусна и богата, а овој ручек е чист доказ за тоа

Потребни состојки:

За крапот

  • 700 грама исчистен и исечен крап
  • сол
  • црвен пипер
  • 4 лажици пченично брашно
  • 4 лажици пченкарно брашно
  • масло

За компир-салатата

  • 500 грама компири
  • сол
  • бибер
  • масло
  • јаболков оцет
  • лист од магдонос
Начин на подготовка:

Добро посолете ја рибата. На хартија за печење ставете пченкарно и пченично брашно, црвен пипер и добро измешајте. Ставете ја рибата во брашното и добро извалајте ја, па отстранете го вишокот брашно. Пржете ја во врело масло. Извадете ја на хартиени салвети за да се исцеди од маснотиите.

За компир-салатата, сварете го компирот во лушпа, исчистете го и исечете го. Посолете го, додајте оцет, масло, бибер, магдонос и сето тоа измешајте го. Послужете ја салатата со рибата како прилог.

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време