Мусаката од зеленчук и сирење е ултимативното летно јадење: Толку вкусна и лесна што цело лето ќе ја приготвувате!

Летно уживање

Изгледа фантастично, а вкусот ќе ве распамети!

Состојки:
  • 300 г модар патлиџан
  • 300 г тиквички
  • 300 г домати
  • 350 г зрело сирење со 25% масност
  • 3 јајца
  • 1 чаша кисела павлака со 20% масност
  • 1 лажиче сол
  • сув билен зачин по вкус
Приготвување:

Измијте ги модриот патлиџан и тиквичките, отстранете им ги дршките и заедно со кората исечкајте ги на кругови или на потенки долгнавести парчиња, посолете ги во чинија и оставете ги еден час малку да пуштат течност. Исечкајте го доматот на кругови.

Подмачкајте тепсија, па редете ги прво модриот патлиџан, прелејте со масло, па доматот, одозгора тиквичките, па покријте ги со парчиња сирење. Повторувајте ја постапката додека имате материјал и завршете со тиквички, кои ќе ги прелиете со преостанатото масло.

Покријте ги со фолија и ставете ги во рерна да се печат. При крајот на печењето извадете ја фолијата и прелејте ги со изматени јајца и со здробениот остаток од сирењето. Вратете ги во рерна уште малку да се потпечат.

Мусака без месо: Летно јадење, лесно и вкусно!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.