Мусака со тестенини: Брз ручек што добро ќе ви дојде кога не ви е до готвење!

Превкусно!

Некои денови едноставно не се за готвење, па затоа сигурно ќе ви се допадне овој рецепт за вкусна мусака

Потребни состојки:
  • 200 грама тестенини
  • 200-300 грама мелено месо
  • 1 главица кромид
  • 2 чешниња лук
  • масло
  • зачин
  • сол
  • црвен пипер
  • 2 јајца
  • 200 грама кисела павлака
  • кашкавал
Приготвување:

Сварете ги макароните и додајте малку масло за да не се залепат. На масло пропржете ситно сечкан кромид, додајте мелено месо, па пропржете го и него. Додајте ситно сечкан лук, зачин, сол и црвен пипер. Подмачкајте тепсија. Изматете јајце и додајте павлака, измешајте и додајте ги во тестенините.

Ставете половина од тестенините, израмнете, па додајте мелено месо во кое сте ставиле 1 јајце. Озгора, распоредете го вториот дел од тестенините. Изрендајте малку кашкавал. Печете на 200 степени Целзиусови околу 30 минути за да заруменат убаво.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.