Лесен вкус што ги буди сите сетила
Состојки:
- 700 г млада боранија
- 400 г мелено месо
- 1 домат
- 3 јајца
- 200 г кисела павлака
- 1 главица кромид
- 3 чешниња лук
- малку црвен пипер
- бибер
- сол
- сув зачин
- масло
Приготвување:
На масло пропржете сечкан кромид, па кога ќе стане стаклест, додајте мелено месо, па запржете. Додајте сол, бибер, црвен пипер. Исчистете ја боранијата и измијте ја, пресечете ја на половина и сварете ја. Додајте го меленото месо во боранијата и измешајте.
Во чинија изматете јајца, додајте павлака и лук, па измешајте. Подмачкајте плех со масло, сипете боранија и ситно сечкан домат.
Прелејте со павлака и добро протресете за да се распредели до дното. Печете на 220 степени 50-60 минути да испари течноста.