Мисиркино месо со лимон и зеленчук од рерна: По оваа вечера, никогаш нема да се разбудите со подуен стомак!

Вечера што лесно се приготвува

Ова јадење го намалува чувството на тежина наутро и го освежува организмот

Ако често ви се случува да се разбудите наутро со чувство на подуеност и тежина во стомакот, проблемот не е во количината на храната, туку во изборот на вечерата. Лесните, едноставни оброци што лесно се варат можат да направат огромна разлика во тоа како се чувствувате наредниот ден.

Исто така, многу е важно и во кое време е вашиот последен оброк, а нутриционистите препорачуваат тоа да биде најдоцна 2 часа пред да легнете да спиете.

Ако барате вечера која е лесна за стомакот, а притоа не е здодевна и блантава, ова е идеалната комбинација. Состојките се едноставни, а резултатот е вкусен оброк кој лесно се вари и не предизвикува чувство на тежина утредента.

Состојки:
  • 1 мисиркино филе
  • 1 тиквичка
  • 1 морков
  • 1/2 лимон (сокот и кората)
  • 1 лажиче маслиново масло
  • сол и бибер по вкус
  • прстофат оригано или мајчина душица
  • малку магдонос
Приготвување:

1. Загрејте ја рерната на 200 степени Целзиусови.

2. Зачинете го мисиркиното месо со сол, бибер, лимонов сок и малку рендана кора од лимон.

3. Исечкајте ги тиквичката и морковот на стапчиња или крукчиња.

4. Сето тоа ставете го во плех, додајте лажиче маслиново масло и зачини и добро промешајте. Печете 20-25 минути, додека месото омекне, а зеленчукот добие златна боја.

5. На крајот, посипете свеж магдонос.

Зошто оваа вечера е добра за стомакот?

Мисиркиното месо е лесен протеин кој брзо се вари, додека тиквичката и морковот не го оптоваруваат дигестивниот систем. Лимонот го поттикнува варењето и дава освежителен вкус кој го намалува чувството на тежина по оброкот.

ФОТО: Freepik

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе