Мини-пици од 3 состојки: Појадок што сите ги воодушеви! (ВИДЕО)

Нов гастро-тренд

Пица за појадок? Може!

Гастро-инфлуенсерката Валентина Муси одлучила да ги изненади своите следбеници на Инстаграм со нов вкусен експеримент.

Видов многу слатки рецепти од кои се прават мини-верзии, кои потоа се јадат како утрински житарици, но воопшто нема солени опции. Сите обожаваат пица, па одлучив да направам пица-снегулки“, открила Муси.

Сѐ што ви треба е тесто за пица, моцарела, сос од домати, како и додатоци по желба.

Исечкајте мали кругови од тестото, наредете ги на хартија за печење, додајте сос од домати, сирење и додатоци.

Печете ги осум минути на 200 степени Целзиусови додека станат крцкави.

https://www.instagram.com/p/CAS4-q1hY-_/?utm_source=ig_embed

Муси вели дека постојат две причини зошто луѓето го обожаваат овој тренд со житарки.

Прво, во карантин луѓето имаа многу слободно време, па во кујната испробуваа сѐ и сешто. Втората причина е што на луѓето им е слатка мини-верзијата на храната. Сепак, многумина ми се заблагодаруваат што не ја прелеав мојата верзија на житарки со млеко“, рекла Муси.

Палачинки на германски начин од рерна: Неодолив појадок готов за 20 минути!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.