Милион и еден вкус во вашата уста: Потпечени шпагети со три вида сирење

Пробајте го рецептот на Бранко Попоски

Одлична идеја за ручек од нашиот гастро-мајстор

Бранко Попоски препорачува со овој рецепт да се напиете бело вино од сортата „шардоне“. Посетете го неговиот инстаграм-профил @cookingwithbranko и пробајте ги неговите потпечени шпагети со три вида сирење.

Состојки:

За смесата од зеленчук

  • 2 домати
  • 2 зелени пиперки
  • 1 главица кромид
  • ½ лажиче сол
  • маслиново масло
  • копар по желба

Друго

  • 1 пакетче шпагети
  • 500 мл сос од домати и босилек
  • 8 парчиња зденка
  • 200 г овчо сирење
  • 100 г биено кравјо сирење
  • 200 г кравји кашкавал
  • босилек
  • магдонос
  • сол
Приготвување:

1. Испржете ја смесата од зеленчук, па сварете ги шпагетите

2. Врз сварените шпагети, ставете ги зденките на тенки парчиња

3. Додајте сос од домати и босилек

4. Додајте ја смесата со зеленчук и изрендајте го биеното кравјо сирење

Милион и еден вкус во вашата уста!

Извор: Добра храна

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.