Месен деликатес: За ручек пригответе ролувани колбаси со зеленчук

Добра храна

Сигурни сме дека ќе ви се допаднат колбасите приготвени на ваков начин

Состојки:
  • 9 пара тенки скараџиски колбаси
  • 2 млади тиквички
  • 3 црвени пиперки
  • масло
  • сол

Приготвување:

1. Младите тиквички заедно со кората се мијат, а потоа со помош на нож со рамно сечило се сечкаат на тенки листови. Се посолуваат и се оставаат да пуштат сок.

2. Пиперките се засекуваат надолжно на пошироки ленти, па се чистат од семките и дршките.

3. Во тава на малку масло кратко се пржи зеленчукот од двете страни, колку да омекне. Се вади на хартиена салфетка, за да се исцеди од вишокот маснотија.

4. Се зема еден пар колбаси, па по должината на едната, внатрешната страна се поставува лист тиквичка, па заедно со колбасот се витка во круг. До него се поставува лист пиперка и се продолжува со замотувањето. Се надоврзуваат уште два пара колбаси заедно со зеленчук, за да се формира „велосипед“. Накрсно се прободува со две дрвени стапчиња, за да се фиксираат колбасите и зеленчукот. На истиот начин од преостанатиот материјал се обликуваат уште две „тркала“.

5. Вака обликуваните колбаси се боцкаат со чепкалки на повеќе места (колбасите е потребно да се избоцкаат за да излегува слободно течноста во текот на печењето, за да не дојде до пукање).

6. Обликуваните колбаси се печат во тава на загреано масло од двете страни, додека заруменат и изврие вишокот течност што ја пуштиле.

Извор: Добра храна

Сте пробале бифтеки? Збогатете го менито со ова несекојдневно јадење!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.