Медено пилешко во сланина: Необична фантазија од вкусови што засекогаш ќе ве освои

Совршенство!

Пикантното и сочно пилешко одлично оди со салата од кисела зелка или со печени јаболка

Состојки:
  • 1 парче пилешко бело месо (околу 400 г)
  • 10-15 тенки резанки димена сланина
  • 1 полна лажичка мед
  • 1 полна лажичка сенф
  • сок од 1 лимон
  • бибер
  • толчена лута пиперка

Напомена: Ако димената сланина е многу солена, нема потреба да го посолувате месото.

Приготвување:
  • Вклучете ја рерната да се загрее на 250 степени Целзиусови и додека таа се грее, исечете го пилешкото во должина на тенки стапчиња.
  • Од бело месо од 400 г може да исечете десетина стапчиња, што не се ни премногу мали, ни премногу големи. Ако сакате да направите поситни залчиња, тогаш исечкајте ги поситно.
  • Помалите ролнички може да ви послужат како залчиња што ќе ги набодете на чепкалки како мезе. Секако дека на помалите парчиња ќе им треба и пократко печење.
  • Посолете го месото, зачинете го со бибер и наросете го со малку толчена лута пиперка.
  • Во чинија измешајте сок од лимон, сенф, мед и пиперка.
  • Сето тоа добро измешајте го и со таа смеса премачкајте ги од сите страни пилешките стапчиња замотани во сланина.
  • Ставете ја тепсијата во загреана рерна и печете десетина минути.
  • Извадете ја тепсијата, свртете го месото и печете уште десетина минути или додека зарумени месото.
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.