Манастирски компир од рерна: Ручек за 100 денари!

Може да послужи како прилог или главно јадење

Додајте ја омилената салата и ќе имате комплетен посен ручек

Овој рецепт потекнува од грчките православни манастири и идеален е како главно јадење за време на постите.

Состојки:
  • 1 кг компири
  • 150-200 мл маслиново масло
  • 1-2 лимона (свежо цеден сок)
  • 5-6 чешниња лук, сечкани на три дела
  • 4-5 лаврови листа, секој исечкан на четвртинки
  • оригано, сол, бибер
Приготвување:

Загрејте ја рерната на 250˚Ц. Измијте го, излупете го и исечкајте го компирот, па наредете го во тепсија. Компирите не смеат да бидат еден преку друг.

Сварете вода (малку повеќе од една чаша ќе ви биде доволно за да го покриете компирот) и во неа растворете сол (ќе ви треба повеќе сол, но не претерувајте). Со таа вода покријте го компирот што сте го наредиле во тепсија. Додајте масло, посипете го компирот со оригано, ставете лук, лавор и бибер. Сокот од лимон не се додава на почеток, бидејќи од него компирот ќе се стврдне.

Ставете го компирот во загреана рерна на 250˚Ц. Штом компирот почне да заруменува, односно штом добие вода, испари сета вода и остане само маслото, намалете ја температурата на 200˚Ц и печете го додека компирот омекне, вкупно околу 50 минути, во зависност од рерната и од компирите.

При крајот на печењето, извадете ја тепсијата и прелејте го компирот со сок од свежо цеден лимон, вратете го неколку минути во рерна, извадете го и послужете го. Добар апетит!

Трик за најкрцкавиот печен компир: Тајната е во оваа состојка! (ВИДЕО)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.