Малку поразличен појадок: Овесна каша со тиквички и поширани јајца

Испробајте

Мала промена во вашето утринско мени.

Состојки:

  • 1 мала тиквичка или ½ поголема
  • 1 млад кромид
  • 3 – 4 лажици овесна каша
  • 180 мл вода
  • 1 јајце
  • сланина (по избор)
  • сол, бибер, оригано
  • маслиново масло
  • свеж магдонос

Постапка:

Излупете ја тиквичката, изрендајте ја и исцедете го сокот. Исечете го кромидот и пропржете го на малку маслиново масло со тиквичките. Ако сакате, можете да додадете и малку сланина на коцки. Додадете зачини. Додадете ја овесната каша и убаво измешајте ја со тиквичките, и оставете ја на оган околу 30 секунди со мешање. Оставете кашата да се готви, мешајќи повремено.

Во друг сад зовријте ја водата, и со помош на лажица направете благ вител. Јајцето, кое претходно сте го скршиле во помал сад, нежно пренесете го од садот во вода и поширајте го.

Кашата ќе стане густа и кремаста по неколку минути, а потоа е подготвена.

По неколку минути и јајцето е подготвено и можете да ги сервирате.

Послужете ја кашата со поширано јајце одозгора и посипете со сецкан магдонос.

Пријатно јадење!

Прочитајте и: Три рецепти за кашест сок за одличен почеток на денот

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.