Летна мусака: Здрав оброк за целото семејство!

Ненадминливо!

Ако сте на диета, оваа мусака е вистинскиот избор за вашиот денешен ручек

Состојки:
  • 600 г млад компир
  • 4-5 зелени пиперки
  • 1 праз
  • 1 морков
  • 50 г ориз
  • црвен пипер
  • 1 поголем домат
  • сол
  • мешавина од зачини
  • лук во гранули
  • масло
Приготвување:

На масло пропржете го сечканиот праз, па додајте сечкан морков, а потоа и сечкана пиперка. На крајот, додајте го излупениот и исечкан на коцки домат.

Кога сето тоа ќе се пропржи, додајте зачини и сол. Тргнете го од рингла. Сварете го малку оризот. Исчистете го компирот и исечете го на листови. Во него додајте црвен пипер, бибер, лук и малку зачини по вкус. Додајте и масло и добро измешајте.

Добро премачкајте плех со масло. На дното наредете половина од компирите, а во средина ставете ја пржената пиперка и распоредете ја. Врз неа, ставете го сварениот ориз, па одозгора наредете ги преостанатите компири. Можете да додадете уште малку масло и печете 45-50 минути во рерна на 200 степени Целзиусови.

Посна турска мусака: Јадење што ги распамети и најголемите љубители на месо!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.