Пригответе нешто лесно и вкусно – вистински спас за време на топлотните бранови
Оброкот салата од лубеница е толку вкусна и совршена што никој не може да ѝ одолее. Најдобро од сè е тоа што не го оптоварува стомакот, а сите ја обожаваат.
Состојки:
- околу 500 г лубеница исечкана на коцки
- 1 поголема краставица, тенко сечкана
- 1 помал црвен кромид, тенко исечкан
- грст свежи ливчиња нане
- 150 г фета-сирење
За преливот:
- 3 лажици маслиново масло
- сок од една лимета
- 1 лажица мед
- сол по вкус
- свежо мелен бибер
Приготвување:
1. Исечкајте ја лубеницата и префрлете ја во чинија.
2. Истото направете го со краставицата и кромидот.
3. Додајте сечкано нане и фета-сирење.
4. Прелејте се со сок од лимета, измешан со маслиново масло, мед, сол и бибер.